Единицата за насилен криминал-Одделението за крвни и сексуални деликти при СВР Скопје до надлежното ОЈО Скопје поднесе кривична пријава за обид за убиство против 5 лица. Тие на 8 март на подрачјето на Бит Пазар во Скопје со остар и тврд предмет го нападнале М.А.(33) од Скопје и му нанеле тешки телесни повреди.
„Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности од страна на полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје и С.Е.(30), И.Е.(27), Х.Е.(48), Б.Е.(23), сите од Скопје, се лишени од слобода, а денеска и Ј.Б.(20) од Скопје е лишен од слобода“, соопшти денеска МВР.
Судија на претходна постапка на лицата С.Е. и Х.Е. им определена мерка притвор во времетраење од 30 дена, додека пак на лицата И.Е. и Б.Е. определена им е мерка домашен притвор.