More

    УАПСЕН Е ДВОЈНИОТ УБИЕЦ ОД ЦРНА ГОРА Полицијата го фати на спиење

    spot_img

    Потпретседателот на српската влада и министер за внатрешни работи, Ивица Дачиќ, изјави дека припадниците на специјалната антитерористичка единица, во соработка со сите други полициски сили, утринава околу 3 часот и 5 минути во селото Прибојска Голеша го уапсиле Алија Балијагиќ, двојниот убиец од Црна Гора.

    – Тој беше пронајден во куќа каде што имавме информации дека повремено доаѓа. Го фатија на спиење, не даваше отпор – изјави Дачиќ.

    Тој додаде дека Балијагиќ имал две пушки.

    – Приведувањето е извршено на многу непристапен терен со снег од 40 сантиметри. Лицето е донесено во полициската управа во Пријепоље – рече Дачиќ.

    Полицијата трага по Балијагиќ од октомври откако уби две лица во селото Соколац.

    Балијагиќ е осомничен дека ги убил братот и сестрата Јован и Миленко Маџгаљ во семејната куќа во селото Соколац.

    Повратникот повеќе пати бил осудуван за сторени кривични дела. Во август излегол од затвор, каде што бил од ноември 2015 година, поради силување на седумдесет и шестгодишна жена и кражба.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img