Уапсен демначот на Шакира, ѝ испраќал подароци дома

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Осомничениот демнач кој тврди дека Шакира е „неговата сопруга“ беше уапсен пред нејзиниот дом во Мајами, откако наводно ѝ испратил подароци, вклучувајќи вино, чоколади и играчки.

Даниел Џон Валтиер беше приведен во понеделникот и обвинет за следење, според извештајот за апсење.

Според „Дејли мејл“, 56-годишникот од Ел Пасо, Тексас, наводно споделил повеќе објави на социјалните мрежи за Шакира, кои нејзиниот тим за безбедност ги предал на властите на 3 јануари. Тој се појавил пред куќата на пејачката само пет дена подоцна, со такси, во 12 часот и 45 минути, а набрзо бил уапсен. На Валтиер му беше одреден притвор и се појави на суд во вторникот, каде рече дека не може да ја исполни наредбата да се држи подалеку од колумбиската пејачка.

„Таа е моја сопруга“, му рекол тој на судијата, истакнувајќи дека „постојано разговара со неа“.

Инаку, не е јасно дали Шакира била во куќата кога осомничениот пристигнал и брзо бил приведен.

Share This Article