Дедото на У.Б.(21), млад човек кој е осомничен дека синоќа со огнено оружје уби осум лица и рани 14, денеска е уапсен откако полицијата во неговата куќа пронашла бомби, автоматска пушка и муниција, јавува дописникот на Танјуг. од Крагуевац.
Кај дедо му се криел осомничениот У.Б., каде полицијата го пронашла.
Да потсетиме, само еден ден по масовното убиство во основното училиште во Белград, синоќа се случи уште едно. Напаѓачот У.Б пукал во селото Дубона каде убил млад полицаец и неговата сестра, а пукал и во Мали Орашје и селото Шепшин кај Младеновац.
Според досегашните податоци, најмладата жртва е 15-годишно дете.