More

    Tрошоците на животот во септември годинава во однос на септември лани се зголемени за 18,7, а индексот на цените на мало за 14,7 проценти

    spot_img

    Tрошоците на животот во септември годинава во однос на септември лани се зголемени за 18,7, а индексот на цените на мало за 14,7 проценти. Во однос на август годинава, пак, трошоците на животот пораснале за 1,6, а цените на мало забележале пад од 0,1 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.

    Пораст на индексите на трошоците на животот во септември 2022 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај сирењето и урдата за 9,9 отсто, свежото и разладеното овошје за 6,3 отсто, млекото за 5,7 отсто, рибата и морските плодови за 3,5 отсто, свежиот и разладениот зеленчук освен компирите и другите коренести плодови за 3,1 отсто, пивото за 2,9 отсто, лебот и житата за 2,6 отсто, месото за 2,2 отсто, виното за 1,6 отсто, прехранбените производи неспоменати на друго место за 0,7 отсто, жестоките пијалаци за 0,6 отсто и шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0.2 отсто.

    Во септември, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај цврстите горива за домаќинствата за 15,2 отсто, велосипедите за 9,1 отсто, мебелот и покуќнината за 6,9 отсто, фризерските салони и центрите за разубавување за 6,1 отсто, малите алатки и останатите додатоци за 6,0 отсто, резервните делови и приборот за сопствените превозни средства за 5,9 отсто, теписите и другите подни покривки за 5,4 отсто, поправката на апаратите за домаќинствата за 4,2 отсто, опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики, канцелариските материјали и материјалите за цртање за 3,9 отсто, течните горива за домаќинствата за 3.7 отсто, медицинските услуги за 3,3 отсто, производите за домаќинствата – нетрајни за 2.8 отсто, домашните услуги и услугите за домаќинствата за 2,7 отсто. Пораст е заблежан и кај рестораните, кафулињата и слично, другите апарати и производи за лична хигиена за 2,4 отсто, големите електрични апарати за домаќинствата, услугите за култура за 2,1 отсто, одржувањето и поправката на сопствените превозни средства за 2,0 отсто, стоматолошките услуги, парамедицинските услуги за 1,9 отсто, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти за 1,8 отсто, услугите за одржувањето и поправките на живеалиштето за 1,5 отсто, патниот патнички транспорт за 1,4 отсто, поправките на мебелот, покуќнината и покривките за подот за 1,3 отсто, облеката, стаклените садови, кујнскиот прибор и другата опрема за 1,1 отсто, материјалите за одржување и поправки на живеалиштето, текстилот за домаќинствата, информатичката опрема за обработка на податоците, накитот, часовниците и рачните часовници, другите лични предмети за 1,0 отсто, чистењето, поправката и изнајмувањето облека за 0,9 отсто, фармацевтските производи за 0,7 отсто, другото образование за 0.6 отсто, терапевтските помагала и опремата, медиумите за снимање, домашните миленици и сродните производи за 0,5 отсто, другата облека и додатоците за облека за 0,4 отсто, опремата за спорт, кампирање и рекреација на отворено, другите услуги, неспоменати на друго место за 0,3 отсто и високото образование за 0,2 отсто.

    Намалување на цените во септември 2022 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај маслото и маснотиите за 1,1 отсто и минералната вода, газираните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук за 0,6 отсто.

    Во септември, исто така, намалување на индексот на трошоците на животот има и кај воздухопловниот патнички транспорт за 34.0 отсто, туристичките аранжмани за 13,2 отсто, гасот за домаќинствата за 4,4 отсто, услугите за сместување за 3,8 отсто, горивата и мазивата за сопствените превозни средства за 2,9 отсто, електричните апарати за лична хигиена за 1,1 отсто, игрите, играчките и хобијата за 0.3 отсто и моторните возила за 0,2 отсто.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img