Твитерџиите се мајтапат со седењето на Ковачевски на самитот во Молдавија

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Фотографија на која се гледа како премиерот Димитар Ковачевски е седнат заедно на маса со колегите Еди Рама, Александар Вучиќ и други, но притоа седи малку понастрана ги натера твитерџиите во Македонија да ги дадат своите креативни коментари. „Ај потргни се малку, имаме нешто муабет“, „Таче ко преведувач е седнат хаха“, се само дел од реакциите.

Се работи за фотка од самитот на Европската политичка заедница(ЕПЗ) кој моментално се одржува во Булбоака во Молдавија.

Еден твитерџија коментираше дека можеби столчето на кое седел премиерот било троножно и постираше слика.

На друга фотографија пак, од Твитер, се гледа дека се работи за ниски фотелји и воедно, за ниски и прилично мали масички на самитот.

 

Share This Article