Твитер соопшти дека става крај на мерките за борба против дезинформациите за вирусот ковид-19, што вклучуваат етикети и предупредувачки пораки на твитови со спорни информации, како и отстранување на твитови со лажни тврдења за вакцините.
„Од 23 ноември 2022 година, Твитер повеќе не спроведува посебни мерки за контрола на информациите за Ковид-19″, се вели во соопштението на официјалната страница на Твитер.
Американскиот милијардер Илон Маск ја презеде компанијата Твитер во октомври и потоа започна серија реформи.
По преземањето на компанијата, Маск рече дека сака да создаде совет за модерација на содржината што ќе вклучува модератори со „многу различни гледишта”.