More

    ТВ-екипите и новинарите немале пристап до авионот

    spot_img

    Националните телевизии и нивните новинарски екипи немале пристап до авионот „Гуливер“ кој утринава слета во Скопје од Софија како знак на добра волја меѓу двете земји. Единствените на кои им бил дозволено да снимаат биле владините институции за своите објави на фејсбук, како и снимателите и новинарите од Бугарија, пишува ТВ21.

    Во следното видео се гледа дека новинарите останале на стотици метри оддалечени од авионот.

    Од ТАВ Македонија, вината ја префрлаат кон организаторот. Но, од Владата велат дека не се тие организатори, а од Министерството за транспорт и врски останаа без одговор по големиот број на реакции од страна на националните медиуми.

    На настанот присутни беа екипи на ТВ21, МРТ, Сител, МИА, Телма и неколку фоторепортери.

    „Ги потсетуваме владините институции дека слободата за известување на новинарите не треба да биде попречена, освен во случаи кога тоа мора да се ограничи поради безбедноста“, се вели во текстот на ТВ21.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img