Тутунарите нема да потпишуваат договори со откупувачите

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Тутунарите да не ги потпишуваат договорите со откупните компании за новата реколта тутун додека цените не се зголемат за 20 насто, бара и апелира Сојузот на земјоделските здруженија на Македонија.

Менде Стомнароски, претседател на Сојузот на земјоделци на Македонија вели дека откупувачите побрзаа да ги склучуваат договорите уште незавршен официјалниот откуп на ланската реколта (до 28 февруари) што значи дека им треба родот, но ги нудат постојните, а не нови зголемени цени по класи. Треба да се преговара за нови цени.

– Ги повикуваме тутунарите да не ги потпишуваат договорите. Ако не ги потпишат, фирмите ќе имаат непотпишани договори, што значи не ќе може да ги внесат во ИСЕТ што мора да се направи до 20 март. Друга законска можност немаме за да ги притиснеме фирмите, освен да ги повикаме тутунарите да не ги потпишуваат договорите со исти цени. Целта ни е да седнеме, да преговараме, а некои фирми веќе почнаа да се јавуваат за преговарање. Додека не се зголемат цените по класи за 20 насто, нема да ги прифатиме договорите. Откупувачите испратија договори, но со лански цени, без зголемувања по класи. Ние им одговоривме дека нема да ги потпишеме договорите, зашто не се согласуваме со понудените цени. Тие се без зголемување и се на ланското, последно, ниво од 300 за прва класа, 240 за втора и 180 за трета класа. Ние сакаме зголемување за 20 насто, зашто се зголемува инфлацијата, а се зголемуваат и трошоците за производство – изјави Стомнароски.

Злате Даноски, претседател на тутунското здружение „Мице Козар“ од Прилеп и Гоце Јончески, тутунопроизводител од Прилепско, објаснуваат дека ако не се зголемат цените ќе стане неисплатливо производството и ќе ја доведе во опасност иднината на оваа земјоделско-индустриска гранка. осдобено што младите немаат интерес да работат на нивите.

Ланската реколта од 21 000 тони се откупи по просечна цена од околу 290 денари и тоа за првпат тутунот се купи еден месец пред законскиот рок, 28 февруари. Почна расадопроизводството за новата реколта. Тутунарите очекуваат да ги добијат што поскоро субвенциите, кога им се најголемите трошоци за новата реколта. Од тутунопроизводството во земјава егзистираат преку 25 000 семејства.

Share This Article