More

    Турците можат да си помислат дека Палевски нема да има фер судење, предупредува Калајџиев

    spot_img

    Професорот Гордан Калајџиев, во изјава за весникот „Нова Македонија“ вели дека укинување на партијата на која бил претседател Љупчо Палевски, (првоосомничен за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски) отвора простор за проблематизирање на неговата екстрадиција од Турција каде се наоѓа во притвор.

    Според Калајџиев, судските инстанци во таа земја би можеле да проценат дека обвинетиот во Македонија нема да има услови за праведно и фер судење, односно дека е предмет на политички прогон.

    – Поврзувањето на политичката партија на која бил претседател Палевски со постапките и процедурите во насока на правна разврска за убиствата на двете жртви може да го закомплицира целиот случај. Во моментов, кога се очекува во Турција да се одлучува за екстрадицијата на Палевски, политизацијата на случајот може повеќе да наштети отколку да биде од корист. Пред сѐ, иако осомничените, притворените и пребеганиот Палевски, биле членови (односно претседател) на партијата, злосторството не го сториле од позиција на партиска активност – вели Калајџиев.

    Тој додава дека навестувањата за укинување на партијата одат во прилог на креирање амбиент за политичко влијание во кривичен случај, што би можело да влијае и на одлуката за екстрадиција во Турција.

    – И покрај изјавите на македонските политичари дека прашањето на екстрадицијата е речиси решено, сепак далеку е правната завршница за тоа – вели универзитетскиот професор по кривично право Гордан Калајџиев за Нова Македонија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img