Турција продолжува со истрага за бомбашкиот напад во Анкара

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Двајцата напаѓачи, кои ја активираа бомбата пред зградата на Министерството за внатрешни работи во Анкара, во Турција влегле од Сирија, изјави денеска турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан.

Британските медиуми пренесуваат дека министерот Фидан појасни дека инфраструктурните и енергетските капацитети во Ирак и Сирија, што се под контрола на бунтовниците од Курдската работничка партија (ПКК) и Единиците за заштита на народот (YPG), се легитимни воени цели за Турција.

– Препорачуваме трети страни да се држат подалеку од објектите под контрола на ПКК и ЈПГ. Одговорот на нашите вооружени сили ќе биде многу прецизен – рече Фидан.
Анкара ја смета ЈПГ за крило на ПКК.

Во неделата двајца напаѓачи извршија бомбашки напад пред зградата на МВР во Анкара, при што двајца полицајци беа полесно повредени. Едниот напаѓач се разнел, а вториот бил убиен од полицијата, соопштија локалните власти.

Одговорноста за нападот ја презеде милитантната група на Курдската работничка партија.

Share This Article