Турските власти планираат да создадат посебна авиокомпанија за превоз на руски туристи во турските одморалишта, јавуваат турските медиуми на Би-Би-Си, откако Европската агенција за безбедност на воздухопловството ги суспендираше сертификатите на сите руски авиокомпании.
„Ескалацијата на конфликтот меѓу Русија и Украина доведе до проблеми во туристичкиот сектор во Турција, бидејќи двата пазари се многу важни за бизнисот“, пишува турскиот весник Сабах, цитирајќи ги извештаите на руската новинска агенција Интерфакс.
Новата компанија треба да биде со седиште во Анталија, на медитеранскиот брег на Турција.
„Благодарение на оваа авиокомпанија, ќе биде можно да се привлечат дополнителни милион руски туристи“, се вели во извештаите.
Покрај тоа, Туркиш ерлајнс наводно се договорил со руските агенции да резервира блокови за седишта за руските туристи на своите летови.
Сепак, поради нестабилната ситуација и западните санкции, Турција е песимист за бројот на Руси кои ќе можат да ја посетат за туристички цели во 2022 година.