Турција ја укина старосната граница за пензионирање

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
A portrait of Turkish President Tayyip Erdogan is seen near a natural gas storage facility in Silivri near Istanbul, Turkey, December 16, 2022. REUTERS/Umit Bektas
- Advertisement -
Ad image

По значителното зголемување на минималната плата, кое беше објавено во Турција пред неколку дена, властите на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја укинуваат и старосната граница за пензионирање. Мерката, пишува новинската агенција Ројтерс, доаѓа на добра половина година пред општите избори на кои турските граѓани, меѓу другото, ќе гласаат и за претседател.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го елиминира важен критериум кој досега се сметаше како услов за пензионирање – старосната граница за пензионирање. По укинувањето на овој критериум повеќе од два милиони луѓе ќе можат веднаш да заминат во пензија.

Според новинската агенција Ројтерс, новата мерка ќе донесе бенефиции за луѓето кои почнале да работат пред септември 1999 година, кога се смени законската регулатива за условите за пензионирање, како и за оние со 20-25 години стаж во кој плаќале придонеси за социјално осигурување. Претходно се сметаше дека жените не можат да се пензионираат пред 58 години, а мажите не пред 60 години, а синдикатите долго време се спротивставија на овој критериум.

Потегот на турскиот претседател Ердоган доаѓа шест месеци пред општите избори на кои турските граѓани ќе избираат претседател и членови на парламентот следниот јуни. Минатата недела владејачката АК Партија на Ердоган, чија популарност беше поткопана од високата инфлација, падот на вредноста на лирата и последователниот пад на животниот стандард, исто така значително ја зголеми минималната плата. Во однос на јули годинава, тоа ќе биде за 55 отсто поголемо и ќе изнесува 8.506 лири (427 евра), а Ердоган не исклучи дополнително зголемување во наредната година.

До денес, според Ројтерс, лирата задржала една десетина од вредноста што ја имаше пред една деценија во однос на доларот.

Колку пари ќе ја чини Турција новиот систем за пензионирање се уште не е целосно познато. Во моментов, во Турција, каде што живеат повеќе од 85 милиони луѓе, речиси 14 милиони луѓе се во пензија.

Share This Article