More

    Турција е спремна да посредува на преговарачката маса

    spot_img

    Надежта за прекин на конфликтот во Украина се зголеми по победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД, оцени турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан за весникот „Милиет“.

    По победата на Трамп на изборите во САД, вели тој, се зголемија надежите за прекин на руско-украинската војна.

    – Ја поддржуваме територијалната целовитост на Украина, што е јасно од нашиот став во однос на Крим. Сепак, забележуваме дека оваа војна не ѝ носи корист на ниедна од страните – само предизвикува повеќе човечки загуби, уништување и финансиски трошоци. Овој факт им го објаснуваме на нашите американски и западни партнери и ја истакнуваме потребата за преговори меѓу завојуваните страни – рече турскиот министер за надворешни работи.

    Фидан потсети дека Турција од првиот ден на конфликтот инсистира на дипломатско решение, пренесува Анадолија.

    – Ги искористивме сите дипломатски можности за да ги доведеме страните на преговарачка маса. На почеток, тоа го направивме во Анталија, а потоа и во Истанбул. На крајот од техничките преговори во Истанбул бевме многу блиску до постигнување мир – забележа Фидан.

    Според него, Турција повторно е подготвена да игра улога на посредник во напорите за постигнување праведен и траен мир во Украина.

    Во однос на односите меѓу Анкара и Вашингтон, Фидан изјави дека „продолжува и се развива дијалогот на високо ниво, заснован на сојузничките односи меѓу земјите, без оглед на тоа кој е на власт во САД“.

    – Стратешкиот механизам, воспоставен за решавање на проблемите меѓу Турција и САД, исто така ќе продолжи да функционира – додаде тој.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img