Од утрово Турција е погодена од три нови земјотреси, покажуваат податоците на EMSC.
Во 10:36 часот по локално време централна Турција беше погодена од земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала.
Епицентарот бил, се наведува, на 66 километри северозападно од Кахраманмарас, на длабочина од 5 километри.
На истото место следеше помала, магнитуда од 3,3 степени.
Нов земјотрес со јачина од 3,4 степени според Рихтеровата скала ја погоди областа на 36 километри југоисточно од Малатја во 10:56 часот по локално време. Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 5 километри.