Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска објави дека тој и неговата сопруга се позитивни на коронавирус и имаат благи симптоми.
Ердоган наведе дека е заразен со Омикрон варијантата на вирусот.
„Денеска добив позитивни резултати од тестот за ковид, што јас и мојата сопруга го направивме по благи симптоми. Ќе продолжиме да работиме од дома“, напиша Ердоган на Твитер.