Турската парламентарна комисија ја одложи расправата за кандидатурата на Шведска за членство во НАТО

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Парламентарната комисија за надворешни работи на турскиот парламент денеска ја одложи расправата за потврдата за прием на Шведска во НАТО, без да го прецизира датумот на продолжување на седницата.

Парламентарната комисија за надворешни работи на турскиот парламент денеска ја одложи расправата за потврдата за прием на Шведска во НАТО, без да го прецизира датумот на продолжување на седницата.

Не се знае кога комисијата ќе ја продолжи расправата за пристапниот протокол на Шведска, ниту кога темата ќе дојде на седница на Парламентот, за евентуална конечна потврда.

Турција ја одложува ратификацијата на членството на Шведска во НАТО, обвинувајќи ја земјата дека е премногу попустлива кон групите што Анкара ги смета за терористички, вклучително и курдските милитанти и оние што Анкара ги обвинува за неуспешниот пуч во Турција во 2016 година.

Турција, исто така, беше незадоволна од серијата демонстрации на поддржувачите на забранетата Курдистанска работничка партија (ПКК) во Шведска, како и од протестите во кои беше запален Куранот.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го повлече својот приговор за кандидатурата на Шведска за време на самитот на НАТО во јули и минатиот месец го испрати протоколот за прием на Шведска во НАТО до турскиот парламент на ратификација.

Турција го промени својот став откако Стокхолм вети посилна соработка во борбата против тероризмот и поддршка за амбициите на Анкара да ја оживее својата кандидатура за членство во ЕУ. Покрај тоа, НАТО се согласи да формира специјален координатор за борба против тероризмот.

Договорот на Турција за членство на Шведска е исто така поврзан со напорите на Анкара да набави нови борбени авиони Ф-16 од САД за да ја надгради нејзината борбена флота.

Сепак, и американските и турските власти инсистираа дека договорот за купување на овие авиони нема да биде поврзан со членството на Шведска во НАТО.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article