Туризмот во ЕУ ги надмина бројките од 2019 година

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Туристичкиот сектор во ЕУ доживува силно закрепнување од последиците на пандемијата од ковид-19, па така во првата половина на 2023 година се регистрирани 1,19 милијарди ноќевања во туристичките капацитети, што претставува најголема бројка во изминатава деценија, соопшти Европската статистичка агенција – Евростат.

Ова е за речиси 11 милиони повеќе туристички ноќевања во споредба со првите 6 месеци во предпандемиската 2019 година, 718 милиони повеќе во однос на 2020 година, 786 милиони повеќе споредено со 2021 и 136 милиони повеќе отколку во првата половина на 2022 година.

Раст на бројот на туристички ноќевања во првите шест месеци од 2023 година на годишно ниво бележат сите членки на ЕУ, освен Унгарија каде има намалување за 0,3 отсто. Најголем раст има Кипар од 39,3%, пред Малта од 30,5 и Словачка од 28,7%.

Ваквиот значителен раст првенствено се должи на зголемениот број на ноќевања на странски туристи од 22,5%, додека растот на бројката на домашни туристи е 5,8%. Од вкупниот број ноќевања, 545 милиони или 46% отпаѓа на туристи од странство.

Share This Article