15-ти Јули 2024 г., Излегваме Ушици на балкун кај 15.00 ч. гледаме голем чад во правец со Кркардаш. И се разбира звониме во Пожарна на 193.
„Добар ден, добар ден. Нешто чади накај Кркардаш!? Да, во тек сме, не е кај Кркардаш ами кај Германски, испратени се екипи на терен. Ок, таман.“
Пожар, кој се рашири траеше неколку дена и за кој пожртвувано учествуваа битолските пожарникари од ТППЕ, ДПД Архангел, доброволци, вработени од ЈП и Национални Шуми и други. Огнот знаеше да си поигра со нив неколку пати. Во еден случај за малку куртули еден пожарникар, и со изгореници од трет степен беше повреден друг пожарникар бидејќи огнот ги заобиколи. Пожарникарот за жал заврши на болница. Греота.
Другиот ден добиваме телефонски повик од госпоѓа:
„Здраво, сакам две масти за изгореници да донирам за повредените пожарникари.“
Супер, и рековме. Отидовме ги зедовме од неа. Да ве спомниме ја прашавме? „Не“ ни рече, јас само сакам од срце да помогнам .
„Ок, фала Ви“ , ѝ се заблагодаривме.
Се јавивме кај Зденката, еден од пожарникарите кој е наш другар.
„Брат имаме донирани две масти за изгореници треба да ги доставиме до повредениот пожарникар. Аха, ок, одиме на болница.“
Го најдовме на хирургија, соба број 4. Тоа беше неговиот прв ден со изгореници, изврзан со завој. Легнат на болничкиот кревет примаше инфузија директно во вена. Беше многу и изгорен на лицето. Сепак ведар , позитивен. Среќен шо му помогна на другиот пожарникар не размислувајќи за него шо ќе се случи. Ни раскажа се во детали. Му однесовме ладен сок и цело пластично паковање сладолед за да се „олади“ од изгорениците.
Заминавме. Си рековме во паметот ова дете мора некако да му се покажи поголемо внимание, внимание кое ќе го почуствува цела фамилија. Ги контактираме нашите пријатели JK Travel
„Имаме една идеја, шо велите за еден скромен ваучер за летување за нашиот повреден пожарникар ?“
„Нема проблем, одма, дајте ни контакт радо би сакале да излезиме во пресрет и да помогнеме. Само да добиеме потврда од пожарникарот дека сака.“
„Ок, Ви благодариме им рековме.“
Го прашавме пожарникарот, се замисли. Самиот ни рече баш сега се прашував шо ќе прам со одморот кој половина ми е платен и треба да го користам од 15ти Август а јас ваков за никаде.
Како да му падна грутка од душата. Му олесна. Ја прифати понудата, се прибра дома каде го посетија и лично му го врачија ваучерот за на одмор и тоа кога тој шо сака враќајќи му ги и средствата кои половина ги имаше уплатено. И насмејан самиот ни пушти слика.
Е баш ова сакаме да го видите и вие, да го почуствувате заедно со нас, да знаете дека само ОПШТЕСТВЕНО ОДГОВОРНИ КОМПАНИИ можат да направат луѓето кои се одговорни за нашето општество колку толку да се почуствуваат значајно. Значајно заради тоа што баш тие го жртвуваа нивниот живот само за нашето добро. Е тоа е тоа шо треба да се храни во секого од нас.
Ви благодариме ЈК ТРАВЕЛ, му благодариме на госпоѓата со маста за изгореници од природни состојки и му посакуваме шо побрзо закрепнување на нашиот пожарникар Александар Тодорчевски Ато и најискрено, Битола е горда шо Ве има сите на куп.