More

    Се огласи мајката на исчезнатата Данка

    spot_img

    Ивана Илиќ, мајката на исчезнатото девојче Данка Илиќ, првпат открива дека го погледнала видеото снимено во Виена, одговара на обвинувањата дека гуглала граничен премин за Романија и тврди дека е повредена од медиумските шпекулации дека таа стои зад сѐ, објави медиумот Нова.рс.

    Ивана наведува дека таа и нејзиниот сопруг се заедно, дека секојдневно се борат нивното дете што побргу да се врати дома, но и дека со денови се шират бројни небулози за неа.

    – Се држиме колку што можеме, само што побргу да се најде Данка, чекаме сето ова да заврши, се надеваме на најдоброто, а потоа јас и мојот сопруг ќе се огласиме јавно и ќе одговориме на сите навреди, прозивки и небулози. Затоа не се огласуваме. Сите овие шпекулации, кои ја префрлаат вината на мене и на мојот сопруг, ме болат – вели нажалената мајка.

    Ивана открива што се крие зад текстовите на некои таблоиди во кои пишува дека со вештачење на нејзиниот мобилен е откриено дека пребарувала гранични премини со Романија, а и колку може кривично да одговара.

    – Телефонот беше на вештачење, само тоа ќе го кажам. Да беше така, немаше да бидам мајка која си го бара детето, мојот статус ќе беше поинаков. Само Данка да се врати жива и здрава, а потоа ќе разговараме за сѐ- вели Ивана.

    На прашањето дали го гледала видеото во Виена на кое наводно се гледа нејзиното дете, Ивана вели дека го гледала.

    – Го гледав видеото, но поради текот на истрагата, не смеам да коментирам. Секоја чест за полицијата, луѓето не спијат, бараат деноноќно. Се надевам дека ќе си го прегрнеме детето што побргу – вели мајката на исчезнатата Данка.

    На прашањето дали се надева дека нејзиното дете е добро, Ивана вели дека нема ни да верува во спротивното.

    – Не сакам ни да размислувам за друга опција – заклучува мајката.

    Двегодишното девојче Данка Илиќ исчезна минатата недела во Бањско Поље, населба во близина на Бор. Нејзиното исчезнување го пријавила нејзината мајка во 13.45 часот, а се сомнева дека исчезнало околу 13 часот.

    Потрагата по девојчето сѐ уште трае. Еден сегмент од истрагата е фокусиран на видеото, снимено од српски државјанин во Виена, на кое наводно е детето кое исчезнало.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img