Австралија ѝ се приклучи на Франција во осминафиналето од групата Д на Светското првенство во Катар, откако вечерва во завршното коло ја совлада Данска со 1-0 што значеше елиминација на Тунис и покрај неговата сензационална победа над Франција со идентични 1-0.
Пласманот во осминафиналето на Австралија и ѝ го донесе Метју Леки по еден час игра на дуелот против Данска во Ал Вакра.
Тунис триумфираше во пресметката со актуелниот светски првак со голот Вахби Казри во 58 минута.
Во судиското продолжение Антони Гризман ја смести топката во туниската мрежа, но голот по консултација со ВАР собата беше поништен поради офсајд.
Група Д
Табела:
Франција 6-3 6
Австралија 3-4 6
Тунис 1-1 4
Данска 1-3 1.