Иако црвеното месо е одличен извор на одредени хранливи материи, прекумерното консумирање исто така го зголемува ризикот од срцеви заболувања и развој на рак на дебелото црево. Диететичарите препорачуваат да консумираме приближно 500 грама црвено месо неделно.
Како што пренесува порталот Eat This, постојат и одредени групи на луѓе кои не треба да консумираат црвено месо или барем да ја намалат неговата потрошувачка до минимална можна мера.
Ова се првенствено луѓе со покачен холестерол. Како што објаснуваат експертите, за сите оние кои веќе имаат проблеми со покачен холестерол, консумирањето црвено месо нема да помогне во намалувањето, туку ќе го направи спротивното, односно уште повеќе ќе ги зголеми лошите вредности.
Слично на тоа, црвено месо не треба често да јадат сите оние кои имаат проблеми со здравјето на срцето. Многу истражувања покажуваат дека луѓето со срцеви заболувања треба да бидат особено внимателни со внесувањето црвено месо. Причината е што тие веќе имаат проблеми со таложење на нездрава плакета во нивните артерии, па затоа треба да јадат храна со малку маснотии, како заситени или транс масти.
Покрај луѓето со висок холестерол и срцеви заболувања, луѓето кои исто така треба да избегнуваат јадење црвено месо се сите оние со напредна бубрежна болест, луѓе со еден или повеќе фактори на ризик за срцеви заболувања и луѓе со семејна историја на одредени видови на рак, како што е рак на дебелото црево.