Познатото црвено капче МАГА со слоганот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп направи да се степаат две жени на лондонскиот аеродром Хитроу. Патничките биле отстранети од летот на „Бритиш ервејс“, а авиониот полетал два часа подоцна, пишува Скај Њуз.
Се работи за две Американки кои чекале да се качат на лет за Тексас. Една од нив побарала другата да го тргне капчето, а откако другата одбиле тие си размениле тупаници.
Слоганот МАГА е кратенка за „Да ја направиме Америка повторно голема“ и често може да се забележи кај поддржувачите на Трамп и на републиканската партија во САД.
Трамп ќе се трка за претседател со Камала Харис од Демократите на 5 ноември.