More

    Црногорски боксер прошверцувал 22 тони кокаин вреден милијарда долари!?

    spot_img

    Американското Министерство за правда во понеделникот го обвини поранешниот црногорски боксер во тешка категорија Горан Гогиќ (43) за шверц на 22 тони кокаин во вредност од над милијарда долари. Гогиќ е уапсен во неделата вечерта на аеродромот во Мајами, додека се обидувал да се качи на летот за Цирих.

    Обвинителството го обвини Гогиќ за прекршување на три федерални закони, а за секое обвинение е предвидена задолжителна казна од најмалку десет години до доживотен затвор.

    Поранешниот боксер е обвинет за шверц на 22 тони кокаин на три брода во 2019 година, а најголем дел од дрогата, 19,8 тони била запленета на бродот „МСЦ Гајан“ на поморскиот терминал во Филаделфија.

    Според обвинението, членовите на бандата во која бил Гогиќ превезувале кокаин од Колумбија во Европа преку американските пристаништа. Тие со кранови и мрежи ноќно време ја подигнувале дрогата од товарните бродови, кога тие се проближувале до пристаништата.

    – Оваа сложена операција барала познавање на екипажот на секој брод, податоци за маршутата и локацијата на бродот, како и дали има простор за складирање на дрога во контејнерите што веќе биле на бродовите – се вели во соопштението на федералното обвинителство.

    Според судските документи, Гогиќ ги надгледувал операциите на преземање на дрогата, се координирал со членовите на екипажот на бродовите, со колумбиските шверцери и со европските пристаништа за да има корист за себе и за балканските картели.

    Најмалку осум членови на екипажот на Гвајана веќе се изјасниле за виновни по обвиненијата. Гогиќ бил боксер од 2001 до 2012 година, победил на 21 меч, а четири загубил и има два нерешени бокс меча.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img