More

    Црногорската полиција уапсила 17-годишен тинејџер поради сомнение дека на 15 март испратил е-пошта со закана за повеќекратни убиства на е-адресата на средното електротехничко училиште во Подгорица

    spot_img

    Црногорската полиција уапсила 17-годишен тинејџер поради сомнение дека на 15 март испратил е-пошта со закана за повеќекратни убиства на е-адресата на средното електротехничко училиште во Подгорица.

    По наредба на надлежниот суд, полицијата извршила претрес во станот и во другите простории што ги користел малолетникот и пронашла 20 парчиња оружје „eрсофт“ (реплики на оригиналното оружје), од кои две се предмет на кривично дело. Од малолетникот биле одземени и компјутер и мобилен телефон.

    По наредба на државниот обвинител во Основното државно обвинителство во Подгорица, малолетникот е лишен од слобода поради сомнение дека сторил кривично дело „Предизвикување паника и неред“.

    Службеници на Полициската управа ќе поднесат прекршочна пријава за занемарување дете против таткото на осомничениот малолетник, А.С.

    – Имајќи ги предвид континуираните настани, во кои мета на сајбер активности беа и образовните институции, ја информираме јавноста дека службениците на Полициската управа континуирано ќе ја продолжат истрагата за овие криминални активности со посебен фокус и внимание, преку расположливите капацитети, со цел заштита на општествената заедница – соопшти црногорската полиција.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img