Црногорец шест години бил на боледување

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Рекордното боледување во Црна Гора траело подолго од шест години, покажува евиденцијата на Фондот за здравствено осигурување. Алармантно е тоа што има поединци кои се на добар пат да го соборат овој рекорд, изјави Вукосава Пејовиќ од Фондот за здравствено осигурување.

– Моментално имаме боледувања од 54 месеци, 58 месеци, што значи дека веќе четири и пол години во континуитет пациентите се болни – појасни Пејовиќ за ТВЦГ.
Постојат сомневања за можни злоупотребени боледувања, наведува Фондот.

– Најчесто, луѓето кои се склони на злоупотребување се оние кои во некоја реорганизација се распоредени на некое место што не им одговара, или не им одговара новиот менаџмент или можеби некоја ситуација на работа, па тогаш, најлесно им е да одат на боледување – додаде Пејовиќ.

Share This Article