Популарното дизајнерско дуо Dsquared2, односно Дин и Ден Кејтен ја продолжија соработката со големата спортска ѕвезда Златан Ибрахимовиќ. Кампањата „Црно“ е нивниот нов заеднички потфат.
Како што изјавија во втората кампања што ја работат со Ибрахимовиќ, тие го покажуваат стилот на фудбалскиот клуб Милан каде што игра Ибрахимовиќ. Таму особено е истакнат прекарот на Златан Ибра.
Потсетуваме, Златан Ибрахимовиќ претходно учествуваше во кампањата на Dsquared2 Icon.