Црн чад се издигаше попладнево над стариот полигон спроти Градскиот стадион – Национална арена „Тоше Проески“ под Скопското Кале, објави мета.
Според информации на очевидци, гореле најмалку четири автомобили, а постоела опасност огнените јазици да зафатат и други возила паркирани на локацијата.
Екипи на противпожарните служби со неколку пожарникари го изгаснаа пламенот. Засега нема информации за причините за настанатиот пожар.