Популарната српска пејачка Светлана Цеца Ражњатовиќ на пат кон Македонија заглави во сообраќаен метеж поради посетата на граничниот премин Табановце на министрите Панче Тошковски и Ивица Дачиќ.
Додека чекаше во долга редица на граница, излезе од автомобилот да се истегне, а снимката потоа заврши на нејниот профил на ТикТок.
Беше во опуштено издание, бела маичка со отворен грб, фармерки и папучи.
– Се наведнуваш, 20-30 повторувања додека не се исправиш. Без чучњеви-рече Цеца додека се растегнуваше на граница чекајќи да тргне колоната.