Двете регионални ѕвезди Светлана Цеца Ражнатовиќ и Жељко Јоксимовиќ ги здружија силите и напорно работеа на песната „Повеќе од среќа“, која вчера ја здогледа светлината на денот.
Овој проект не се случи преку ноќ. Жељко и Цеца со месеци внимателно го подготвувале секој детаљ за да се погрижат песната да биде совршена. Тие вложиле многу труд и енергија, од компонирање музика и пишување текст до студиско снимање и продукција.
И двајцата пејачи се познати по својата посветеност и перфекционизам, па не е ни чудо што се очекува „Повеќе од среќа“ да биде песна што ќе стане голем хит. Текстот и музиката ги напиша Милош Рогановиќ, а аранжманот и продукцијата Жељко Јоксимовиќ, додека директор на фотографија и видеорежисер е Милош Надаждин.
Комбинацијата на препознатливиот мелодиски стил на Жељко и силната вокална интерпретација на Цеца сигурно ќе ги освојат срцата на слушателите.