Централната банка за зголеми основната камата на 4,50 отсто

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Американската централна банка (ФЕД) ги зголеми каматните стапки со побавно темпо од претходниот период, како што се очекуваше на финансиските пазари, но ги зголеми проценките за инфлацијата и ги намали проценките за економскиот раст во следната година.

Откако ги зголеми клучните каматни стапки за 0,75 процентни поени во 4 претходни сесии, ФЕД вчера ги зголеми трошоците за задолжување за 0,50 процентни поени на опсег од 4,25 до 4,50 отсто, што е нивно највисоко ниво во последните 15 години.

Соопштението за медиумите на американската централна банка од последната седница оваа година не се промени значително во однос на минатиот месец, па, меѓу другото, беше повторено дека би било соодветно дополнително зголемување на стапките.

На прес-конференцијата, по седницата, претседателот на ФЕД Џером Пауел рече дека е неопходно да се продолжи борбата против инфлацијата за да не се вкоренат очекувањата за зголемени цени.

– Податоците за инфлацијата во октомври и ноември се добредојдени показатели за забавување на темпото на растот на цените. Сепак, ќе бидат потребни многу повеќе докази дека инфлацијата е на постојана надолна траекторија – рече Пауел.

Економските проценки, објавени заедно со соопштението, сугерираат дека претставниците на ФЕД очекуваат каматните стапки на крајот да се зголемат за повеќе од предвиденото во септември.

Просечната прогноза сугерира дека следната година стапките ќе бидат подигнати до конечното ниво, на кое циклусот на зголемување на стапките ќе престане, од 5,1 отсто, во споредба со септемвриската проекција од 4,6 отсто.

Ова значи дека ФЕД најверојатно ќе ги зголеми каматните стапки за дополнителни вкупно 0,75 процентни поени во следната година, во опсег од 5 до 5,25 отсто.

Тоа покажува дека лидерите на ФЕД проценуваат дека инфлацијата ќе остане висока во 2023 година.

- Advertisement -
Ad image

Тие очекуваат растот на потрошувачките цени следната година да се забави на просечни 3,1 отсто од овогодишните 5,6 отсто, но тоа е сепак повеќе од 2,8 отсто колку што проценија во септември и многу над целта од 2 отсто на американската централна банка.

Поради повисоките каматни стапки, ФЕД ја намали прогнозата за раст на бруто домашниот производ (БДП) во 2023 година на 0,5 отсто, додека во септемвриските проценки очекуваше раст од 1,2 отсто.

Шефовите на неколку големи американски банки деновиве изјавија дека економијата следната година би можела да западне во рецесија.

- Advertisement -
Ad image

Пауел сепак верува дека е можно „меко приземјување” на економијата.

– Мислам дека никој не може да знае дали ќе имаме рецесија или не. А ако ја има, дали ќе биде длабока или не … Тоа едноставно не може да се знае, изјави Пауел.

Share This Article