Сегашната енергетска криза не ги погодува само домаќинствата со гас. Цените во супермаркетите исто така растат и би можеле да продолжат да растат, пишуваат германските медиуми.
Високата инфлација ги зголемува цените. Само во изминатите седум месеци, повеќе од 800 производи поскапеа во супермаркетите и дисконтите во Германија. Повеќе од една третина од асортиманот поскапе во неколку фази за многу кратко време. А наесен може да биде уште полошо. Досега добавувачите на енергија само дел од зголемените цени им ги пренесоа на компаниите.
„Ова веројатно ќе се промени во наредните месеци и ќе доведе до двоцифрена стапка на инфлација“, изјави шефот на Институтот за економски истражувања (Ифо) за германските медиуми. Според сегашното истражување на Институтот, германските компании сакаат дополнително да ги зголемат своите цени. За жал, нема индиции дека бранот инфлација е при крај“, нагласува првиот човек на ИФО за економски активности.
Сегашната производна цена на млекото може да стане главен двигател за растот на цените во супермаркетите во наредните недели. Млекарите во септември плаќаа повеќе од 60 центи за литар млеко на пазарите. Во јуни цената на млекото беше пониска за десет центи.
Тековните трендови на цените значат дека млекото најверојатно ќе поскапи наесен. Ова би можело да се случи во следните неколку денови и недели, прво во Алди, а потоа и во сите други трговски синџири, прогнозираат германските медиуми.
Поскапото млеко значи и повисоки цени на јогуртот и путерот
Ако поскапе млекото ќе поскапе и путерот, јогуртот, сирењето и другите млечни производи. Потрошувачите сега треба да издвојат повеќе од 3,49 евра за путер од позната марка. Кериголд путер го достигна врвот од 3,59 евра во супермаркетите претходно овој месец.
Иако цената на путерот во последно време падна, искуството покажува дека побарувачката се зголемува во зима, што доведува до повисоки цени. За ова се виновни колачињата и божиќните почести. Експертите сметаат дека цената на путерот лесно ќе ја достигне границата од 3,60 евра. Малку е веројатно дека путерот ќе ја скрши границата од 4 евра.
Веќе има првите индиции дека поскапува млечните производи. Цените на јогуртот се зголемија пред неколку дена. Потрошувачите сега треба да платат 30 отсто повеќе за производи од познати и помалку познати производители. Цената на јогуртот во германските продавници е зголемена за околу 20 центи, пишува списанието Fenix.