Цените на струјата рушат рекорди

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Екстремниот недостиг на гас во Европа ќе трае најмалку уште една година, пишува Фајненшл тајмс(ФТ). Додека рускиот гас за Европа се очекува да секне на 11 јули, поради наводно несменетата турбина која не може да стигне од Канада поради западните санкции ФТ анализира дека кризата може да продолжи.

Ситуацијата се влошува поради фактот што инвестициите во нови наоѓалишта на гас ширум светот беа замрзнати за време на пандемијата со ковид-19, што сериозно ја ограничи можноста на ЕУ да го пренасочи увозот, наведува ФТ. Борбата се комплицира со фактот дека нема да успеат германските обиди за подобрување на ситуацијата со враќање на електраните на јаглен, бидејќи цените на јагленот исто така сега се на максимум, наведува ФТ.

Цените на електричната енергија во Европа достигнаа рекордно ниво поради намалените испораки на гас од Русија. Во Германија и во Франција, водечки земји во еврозоната, цените за мегават час за 2023 година поставија нови рекорди, достигнувајќи 325 односно 366 евра. Според експертите, зголемувањето се должи пред сè на недостигот на гас во Европа, што се појави главно поради намалувањето на увозот на овој енергенс од Русија, што, пак, се должи на воведувањето на санкции кон Русија.

Поради санкциите од Канада, Русија не успеа навреме да ги набави турбините потребни за Северен поток 1, принудувајќи ја да го ограничи своето производство на 40 проценти од максимумот.

Весникот посочува и дека во исто време, многу нуклеарни централи во Франција имаа неочекувани проблеми при техничкото одржување, што исто така го ограничува производството на електрична енергија во овој сектор. Франција, која порано беше нето извозник на електрична енергија, сега мора да се потпира на испораките од Германија, Велика Британија и други соседни земји.

Share This Article