Цените на становите во Скопје во третиот квартал годинава бележат раст од 2,9% во однос на претходниот квартал, а на годишно ниво од 11%

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Цените на становите во Скопје во третиот квартал годинава бележат раст од 2,9% во однос на претходниот квартал, а на годишно ниво од 11%, објави денеска Народната банка.

Во првиот квартал годинава цените на становите  забалежаа раст од 18,8% на годишно ниво, односно од 1,3% на квартално ниво, а во второто тримесечие од 1,6%, односно од 12,9%.

Во првиот квартал лани недвижностите поскапеа за 12,4%  на годишно ниво, по што следеше раст, од 16,6% во вториот квартал, од 21,2% во третиот и од 20,6% во четвртиот квартал.

Претседателката на Групацијата за недвижности при Стопанската комора на Северна Македонија Лилјана Ковачева, преходно во изјава за МИА оцени дека кај цените на недвижностите во последните месеци се бележи стабилизација и ќе нема промени подолг период.

– По завршувањето на Ковид кризата на пазарот на недвижности значително се зголеми побарувањето. Истовремено, како резултат на воениот судир во Украина и енергетската криза значително се зголемија цените на градежите материјали, што доведе до зголемување на цените на новите градби, а зголемената побарувачка на пазарот доведе до тоа зголемените цени пазарно да се прифатат.  Сепак, според мое мислење, продавачите ги зголемија цените повеќе од што пазарот може да прифати и поради тоа, по првото тримесечје настана извесен застој со мала корекција на цените во правец на нивно намалување. Според мене, она што се случува во последните неколку месеци е всушност стабилизација на цените на одредено ниво и престанок на растот што беше забележлив пред тоа и моето мислење е дака подолг период во иднина нема да има промени во цените – изјави Ковачева.

Народната банка го подготвува индексот на цените на становите за територијата на Скопје, врз основа на податоци кои се однесуваат на огласите за продажба објавени од агенциите коишто се занимаваат со промет со недвижности. 

Share This Article