Цените на некои производи се зголемени за 25%, Мицкоски бара поголема контрола

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

На одредени продукти во маркетите цените им се зголемени до 25%. Премиерот Христијан Мицкоски вели дека тоа не е етичко однесување во пресрет на празниците.

Според него, ќе има реакција од институциите, а доколку продолжат, реакцијата ќе биде уште поробусна во периодот што следува.

– На ваков начин не треба да се прават големи профити. Граѓаните очекуваат разбирање од нив, а не наеднаш да се зголемуваат цените на производите. Тоа е нечовечно однесување – истакна Мицкоски.

Мицкоски истакна дека имаат и други мерки кои можат да ги преземат за производите да не поскапуваат по започнувањето на мерката „новогодишна кошничка“.

Премиерот вчера апелираше до трговците да го преиспитаат своето однесување во однос на цените на прехранбените производи и најави дека ќе побара од Пазарниот инспекторат вонредна инспекција со цел да се утврди како цената на одредени основни производи е зголемена во изминатите 30 дена.

Share This Article