Цените на нафтата на берзите утрово порасна, тренд кој започна од почетокот на неделава

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Цените на нафтата на берзите утрово порасна, тренд кој започна од почетокот на неделава.

Цената на барелот „брент“ на лондонскиот пазар утринава се зголеми за 0,27 отсто, на 86,80 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,19 отсто, на 83,55 долари.

На отворањето на берзата ТТФ европските фјучерси на гас се продаваа по цена од 33,435 евра за мегават-час.

Цената на златото падна за 0,046% и утрово достигна 2.330,69 долари за унца. Падна и цената на пченицата. бушекот денеска се продава за 5,66 долари.

Вредноста на еврото во однос на доларот изнесуваше 1,07251, што е приближно исто како и вчера.

Европските берзански индекси денеска се главно во пад во очекување на податоците  за јунската инфлација во еврозоната и стапката на невработеност за мај.

Индексот на Франкфуртската берза DAX денеска во 9:15 часот падна на 18.220,45 поени, британскиот FTSE 100 на 8.136,14 поени, францускиот CAC 40 на 7.517,93 поени, додека московскиот MOEX се искачи на 3.199,84 поени.

Вредноста на американскиот берзански индекс Dow Jones се искачи на 39.169,52 поени, S&P 500 на 5.475,09 поени, а вредноста на Nasdaq на 17.876,26 поени.

Share This Article