Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во август 2024 година, во однос на август 2023 година забележа раст од 2,2%, а цените на мало се зголемиле за 3,0%.
На месечна основа инфлацијата е зголемена за 0,5%, за колку што се зголемени цените на мало.
Зголемувањето на инфлацијата во август 2024 година, во однос на јули 2024 година, е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во следните групи: храна и безалкохолни пијалаци за 1,2 %, рекреација и култура за 1,1 %, здравје за 0,8 %, ресторани и хотели за 0,7 %, домување, вода, електрика, гас и други горива за 0,6 %, мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата, комуникации за 0,5 %, алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 0,1 %.
Во август 2024 година, во однос на јули 2024 година, намалување на трошоците на животот е забележано во следните групи: транспорт за 2,2 %, облека и обувки, разновидни стоки и услуги за 0,3 %.
Трошоците на животот во групата образование остануваат на исто ниво како и во претходниот месец.
Индексот на цените на мало во август 2024 година, во однос на јули 2024 година, изнесува 100.5.