Цените на храната сега ќе беа уште повисоки, предупредува министерот Дурмиши

Lorita
By Lorita 5 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Доколку не ја донесевме „есенската кошничка“ и акцијата „Помалку трошоци – повеќe за вас“, цените на храната дополнително ќе се зголемеа, а со тоа и инфлацијата, истакна денеска министерот за економија и труд Бесар Дурмиши.

– Овие одлуки ги донесовме за заштита на стандардот на граѓаните бидејќи во минатите месеци Државниот завод за статистика излегуваше со информации дека има раст на цените на основните прехранбени производи. Затоа направивме акциски план со кој ја донесовме есенска потрошувачка кошничка за да им излеземе во пресрет на граѓаните. Да не ги донесевме одлуките, цените на основните прехранбени производи ќе имаа уште поголем раст и инфлацијата ќе беше поголема од 2,6 отсто колку што е сега – рече Дурмиши во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција по повод 100 дена Влада.

Тој потсети дека во сила e и Законот за нефер трговски практики и истакна дека производите ќе се продаваат по старите цени додека не се потрошат залихите во маркетите.

– Кога ќе се усогласат цените со добавувачите, ќе има и дополнително намалување на цените. Тоа ќе се случи на крајот на овој или на почетокот на идниот месец. Во овие три месеци тече преодниот рок за усогласување на цените во кои Комисијата за заштита на конкурентност ќе биде на терен и ќе ги опоменува тие што не го почитуваат Законот и ќе им дели совети да го почитуваат. Потоа кон крајот на годинава или на почетокот на идната ќе почне со казнување и ќе постапуваат според надлежностите кои ги имаат согласно Законот – прецизира Дурмиши.

Министерот нагласи дека тече процедурата во Собранието за реорганизација на Комисијата за заштита на конкурентност со која, како што кажа, ќе се подобри нејзината функционалност.

– И да е во целосна функционалност Законот за нефер трговски практики не знаеме дали фирмите ќе го почитуваат. Затоа мора да се направи реорганизацијата на Комисијата за заштита на конкурентност која е во собраниска процедура. Сега Комисијата не е функционална и затоа треба да помине собраниската процедура, да им дадеме дополнителни ингеренции и да се реорганизира за да биде функционална – посочи Дурмиши.

Тој рече дека Министерството за економија и труд нема информации за изигрувањата што ги прават трговците во имплементацијата на Законот за нефер трговски практики.

– Кога ќе излезе на терен Комисијата за заштита на конкурентност, ако забележи дека има неправилности од компаниите, нормално е дека ќе се постапува според Законот и ќе пишува казни – истакна Дурмиши.

Парите од унгарскиот кредит ќе помогнат за развој на економијата

Министерот Бесар Дурмиши смета дека парите од унгарскиот кредит во износ од 500 милиони евра ќе придонесат за развој на економијата во земјава.

– На првиот повик на Министерството за локална самоуправа за грантот од 100 милиони евра аплицираа над 80 општини со над 350 проекти. Со следниот чекор ќе се поддржуваат домашните компании со грант од 250 милиони евра. Затоа мислам дека овој кредит ќе донесе развој на економијата. Доколку нема економски развој ќе ни се случи тоа што ни се случува во изминативе 20 години – рече Дурмиши.

Договорот за унгарскиот заем во висина од половина милијарда евра ќе биде потпишан денеска во Будимпешта од страна на министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.

Кредитот се зема со каматна стапка од 3,25 проценти со три години грејс период и 12 години рок на отплата.

Унгарскиот кредит го договорија премиерот Христијан Мицкоски и унгарскиот премиер Виктор Орбан за време на учеството на Самитот на НАТО во Вашингтон, а Законот беше изгласан во Собранието на 17 септември годинава. Со законот за заемот од Унгарската Експорт импорт банка, земјава ќе треба да плати провизија за правни услуги во висина од околу 70.000 евра.

Share This Article