Цените на енергенсите се за 400 отсто повисоки

Lorita
By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Негативните последици врз економијата кои ги предизвика инвазијата на Русија во Украина се полоши од оние од корона пандемија и дополнително влијае врз зголемување на цените на енергенсите, вели во интервју за „Фактор“, проф. д-р Кочо Анѓушев, претседател на УО и извршен директор на „Фероинвест“ и „Брако“.

– На лошата ситуација наместо стабилизација која што ја очекуваме се накалеми уште полоша ситуација. И сега практично ситуацијата е двојно лоша. Економијата се уште не е заздравена од корона кризата и на сето тоа дојде оваа ситуација со Украина. Наивно е да е мисли дека ако немате директна соработка со Украина или Русија кризата вас нема да ве тангира. Без разлика дали имате или немате директна соработка оваа ситуација ќе влијае на вас. Тоа е многу едноставно, бидејќи енергијата ги засега сите. Не може енергијата да остане на исто ниво како пред кризата и овде зборувам за кој било енергенс – нафта, гас, електрична енергија, се’ останато се секундарни енергенси. На овие три енергенси цената во моментов вртоглаво им расте. Ако очекуваме да настане стабилизација брзо, навистина не треба да се надеваме дури и брзо да се разреши кризата од воен аспект. И во таков случај повторно со месеци, а можеби и повеќе од една година ќе има последици од тој конфликт – вели Анѓушев.

Во интервјуто, Анѓушев истакнува дека нивото на кое ќе се стабилизираат цените зависи од времетраењето на конфликтот и колкав ќе биде процентот на инфлација кој што ќе ги зголеми цените.

– Овој период ќе се држи на ова ниво кое се намали во споредба со првичниот импулс на драстичен раст поради шпекулативни моменти, поради страв, паника и слично. Но, сегашното ниво е 400% повисоко од нивото на цени во овој период минатата година. Ако пред украинската криза велев дека цената на струјата ќе се стабилизира меѓу 80 и 120 тоа малку би го поместил кон ранг помеѓу 100 и 200 евра за мегават час долгорочно – вели Анѓушев.

Прашан за тоа колкав ќе биде ударот врз македонската економија Анѓушев смета дека од актуелните состојби во светската економија и цените на енергенсите посериозни последици ќе се забележат кај компаниите кои што се странски инвестиции особено во Технолошко индустриските зони кои работат за автомобилската индустрија.

– Сметам дека странските инвестиции ќе бидат повеќе погодени бидејќи малку од нив произведуваат  готови производи, повеќето се подизведувачи во најголем дел на автомобилската индустрија и тоа за европските брендови од автомобилската индустрија и тие сега веќе најавија дека нема да продаваат возила во Русија. Автомобилската индустрија и претходно беше во рецесија поради недостигот на електронски компоненти кои воглавно се произведуваа во Кина, а сега доаѓаме до ситуација во која покрај претходните проблеми се надоврзува и намалената побарувачка и ограничување на пазарите,  Сето тоа ќе влијае врз бројот на произведени возила и тоа ќе бара помал број на компоненти и тоа јасно ќе има ефект врз овие фабрики и сметам дека тој ефект ќе го гледаме во следните шест месеци до една година – појаснува Анѓушев во интервјуто за „Фактор“.

Share This Article