Светските цени на шеќерот повторно се зголемија и се приближија до дванаесетгодишен рекорд.
Според податоците на Лондонската меѓународна берза ICE, фјучерси на шеќер вчера се продаваа по цена од 26,8 центи за 0,453 килограми шеќер.
Цените го достигнаа својот максимум на 19 септември кога надминаа 27,5 центи за исто толку шеќер.
Експертите и трговците се загрижени поради бавниот процес на преработка на шеќерна трска во Бразил, како и актуелната суша во некои индиски региони, предизвикана од климатскиот феномен Ел Нињо. Ако сушата продолжи, владата во Њу Делхи може да го ограничи извозот на шеќер од земјата.