Цената на  златото повторно пораснаа на ново рекордно ниво и на њујоршката берза Комекс вчера достигнаа 2.449,89 долари за унца

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Цената на  златото повторно пораснаа на ново рекордно ниво и на њујоршката берза Комекс вчера достигнаа 2.449,89 долари за унца.

Аналитичарите велат дека растот на цената на златото е поттикнат од очекувањата дека американската централна банка наскоро ќе ги намали каматните стапки поради минатонеделните податоци за забавување на стапката на инфлација во САД.

Американската централна банка не го сооопшти официјално својот став за каматните стапки, но инвеститорите веќе се обложуваат на нивно намалување.

Пониските каматни стапки на американската централна банка би ја зголемиле привлечноста на златото кај инвеститорите.

Кинеската централна банка и другите централни банки во светот трупаат злато за да ги диверзифицираат своите резерви и да ја намалат зависноста од американскиот долар, што покрај тензиите на Блискиот Исток, дополнително ќе го поттикне растот на цената на овој скапоцен метал.

Истовремено со растот на цената на златото порасна и цената на среброто, кое се продаваше за 32,015 долари по унца, што е највисока цена од 2012 година.

Share This Article