Цената на златото на историски највисоко ниво

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Цените на златото денеска се на ново историски највисоко ниво поради глобалната неизвесност околу резултатите од изборите во САД и тензиите на Блискиот Исток, додека цените на среброто се највисоки во последните 12 години.

Според податоците на берзата, унца злато денеска достигна дневна највисока цена од 2.736,48 долари, а унца сребро се продава за 34,09 долари.

Аналитичарите велат дека инвеститорите бараат „безбедно засолниште“ за капиталот поради геополитичките тензии на Блискиот Исток и неизвесноста околу блиските избори во Соединетите држави.

Главниот пазарен аналитичар на трговската компанија KCM, Тим Вотер, смета дека цената на златото до крајот на годината би можела да достигне 2.800 долари за унца.

Според експертите, златото се смета за сигурна инвестиција во време на економски и политички превирања, а намалувањето на каматните стапки дополнително ја зголемува неговата привлечност.

Share This Article