Цената на суровата нафта се зголеми по нападот со беспилотно летало на американските трупи во северен Јордан, за кои Белата куќа ги обвини милитантите поддржани од Иран

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Цената на суровата нафта се зголеми по нападот со беспилотно летало на американските трупи во северен Јордан, за кои Белата куќа ги обвини милитантите поддржани од Иран.

Нафтата „брент“ се тргуваше по цена од 84,03 долари за барел што е зголемување за 0,57%, додека  американската  „ВТИ“ поскапи за 0,6% на 78,48 долари за барел.

Аналитичарите велат дека како ќе се движи цената ќе зависи од одговорот на САД и дали Иран ќе преземе акција за затворање на Ормускиот теснец.

– Ние сме на работ на оваа ескалација, што може сериозно да влијае на протокот на сурова нафта – изјави за MarketWatch во неделата попладне Тарик Захир, управен член во Tyche Capital Advisors.

Во нападот со дрон на американските трупи загинаа тројца припадници на американската армија.

Share This Article