More

    Цената на струјата ќе се зголеми за 7,4 отсто за 98,8 отсто од домаќинствата во земјава

    spot_img

    Цената на струјата ќе се зголеми за 7,4 отсто за  98,8 отсто  од домаќинствата во земјава. останатиот 1,2 отсто ќе плаќаат  поскапа струја од 11,4 до 100 отсто.

    Првиот човек на регулаторната комисија Марко Бислимоски информира дека  без новиот блок  тарифен модел цената на електричната енергија за домаќинствата би била повисока за  17,74 отсто.

    -Новите цени за универзалниот снабдувач ЕВН Хоме, кои ќе важат од 1 јули 2022 година се димензионирани скалесто по блокови, така што оние кои трошат помалку електрична енергија ќе плаќаат пониска цена, за разлика од оние кои имаат поголема потрошувачка ќе плаќаат поскапа електрична енергија – рече Бислимоски.

    Според него, во зависност од блоковите, во зима 59,9 отсто од домаќинствата ќе имаат зголемени сметки за 6,6 отсто, додека 35,5 отсто ќе имаат зголемени сметки од 6,6 до 8,8 отсто, 3,4 отсто од потрошувачите ќе добијат зголемени сметки од 8,8 до 11,2 отсто и само 1,2 отсто од потрошувачите ќе добиваат сметки зголемени од 11,4 до 99,5 отсто.

    – Во летниот период, во зависност од блоковите, 77,2 отсто од домаќинствата ќе имаат зголемени сметки за 6,7 отсто, додека 21,8 отсто ќе имаат зголемени сметки од 6,7 до 8,8 отсто. Само 0,7 проценти од потрошувачите ќе добијат зголемени сметки од 8,8 до 11,3 отсто и 0,2 отсто од потрошувачите ќе добиваат сметки зголемени од 11,4 до 100 отсто – рече Бислимовски.

    Во сметките  граѓаните ќе добиваат информација колку е цената на струјата и колку е мрежарината, односно збир од активната енергија и користењето на мрежата.

    Бислимоски информира дека енергетските компании побарале повисоки зголемувања на тарифите за нивните услуги, но РКЕ не ги прифатила сите нивни барања.

    -Трошоците за набавка на електрична енергија на ЕВН Хоме на годишно ниво се зголемени за 57,4 милиони евра, во однос на планираното од декември 2021 година, како резултат на враќањето на голем број компании и јавни институции од либерализираниот на регулираниот пазар на електрична енергија. Затоа ЕВН Хоме мораше да направи дополнителен увоз на електрична енергија во износ од 33,2 милиона евра. Со укинување на кризната состојба, ЕВН Хоме има и дополнителен трошок за обновливи извори за енергија во износ од 9,5 милиони евра. Дополнително, новата цена на електрична енергија што ЕСМ му ја испорачува на ЕВН Хоме е зголемена за 17 отсто, од 41 евра за мегават час на 48 евра – рече Бислимовски.

    Бислимовски рече и дека граѓаните самите ќе можат да направат проверка на сметките врз основа на пресметките од актуелниот калкулатор објавен на страницата на Регулаторната комисија за енергетика.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img