More

    Цената на нафтата оди надолу – Барелот денеска се продава за 92,57 долари

    spot_img

    На светските берзи цената на нафтата благо се намалува по тринеделен раст откско централната банка на САД не не ги зголеми каматните стапки и најави дека до крајот на годината може да ги уште еднаш и предвидувањата дека глобалната економија дополнително ќе забави што ќе предизвика намалување на побарувачката за „црно злато“.

    На лондонскиот пазар цената на барелот продолжи да го следи минатонеделното намалување и денеска се продава по цена од 92, 57 долари.

    Минатата недела цената на барелот на оваа берза се намали за  0,7%  на 93,27 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се намали за 0,8%, на 90,03 долари.

    Аналитичарите оценуваат дека ова е резултатот од пораката на американската централна банка која не ги зголеми каматните стапки, но најави дека би можело да ги зголемат уште еднаш до крајот на годината и да ги задржат на покачени нивоа подолго од очекуваното.

    -На краток рок, цените веројатно ќе се дефинираат главно со сигнали на страната на побарувачката-  оценуваат аналитичарите на Commerzbank.

    Од друга страна, цените се резултат од намаленото производство во Саудиска Арабија и Русија. Овие водечки извозници ќе ги намалат испораките до крајот на оваа година за вкупно 1,3 милиони барели дневно.

    Минатата недела трговците беа изненадени од најавата на Русија дека привремено го забранува извозот на бензин и дизел за да обезбеди снабдување на домашниот пазар во време на жетва и да ги стабилизира цените. Москва не соопшти колку долго ќе биде во сила.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img