More

    Цената на кромидот на зелените пазари годинава се повисоки од ланските

    spot_img

    Цената на кромидот на зелените пазари годинава се повисоки од ланските во просек за 66 отсто и се движат од 45 до 80 денари за килограм. Во маркетите цените се повисоки и се движат од 59 до 90 денари. Земјоделците велат дека тоа е така бидејќи климатските промени и дождливото време влијаеше на квалитетот и помалите приноси на оваа култура, а трошоците на производство пораснаа за 50 отсто. Тие очекуваат цената да расте, а прекупците и трговците да не печалат на нивниот грб.

    – Трошоците за производство на кромид се зголемени за околу 50 отсто во однос на лани. Дождливото време веќе покажува дека приносите и квалитетот на кромидот ќе бидат пониски. Сето тоа влијае и на крајната цена на нашиот производ која не треба да биде пониска од трошоците – вели производител на кромид од кичевско.

    Тој посочува дека годинашното производство по хектар може да биде преполовено поради влагата, па очекува домашниот кромид да го има помалку на пазарите.

    – Лани приносите беа 50 до 100 тони по хектар, а годинава може да се добие половина од тоа, а ако потраат лошите временски услови можно е да не се добијат повеќе од 30 тони по хектар. Во моментов цената на кромидот, ако се продава на големо, е од 22 до 40 денари за килограм, со што делумно се покриваме со трошоците. Како таа на пазарот расте до 80 денари за килограм прашајте ги прекупците и откупувачите кои секоја година заработуваат на нашиот и на грбот на граѓаните – вели тој.

    И земјоделците од овчеполско се жалат дека оваа култура, од која живееја голем дел семејства, сега се сади на помали површини бидејќи нема кој да работи на нивите.

    – Младите заминаа во странство, а на нивите работат само постарите и поради неисплатливоста сè  помалку се произведува. Климатските промени се повеќе влијаат на овој производ. Лани немаше дожд кога требаше, а годинава го има и кога не треба. Секоја година има се поголем увоз на земјоделски култури. Ќе треба да размислуваме за друга култура – вели земјоделец од Каратманово во Овче Поле.

    Сепак, земјоделците се свесни дека зголемениот увоз на кромид од Албанија и Србија ќе влијае на крајната цена на овој производ. Но, со оглед дека и овие цени засега се високи тешко дека ќе има кромид под 60 денари, а можно е и во одделни периоди да достигне и 100 денари за килограм.

    Податоците на Земјоделскиот пазарен информативен систем (ЗПИС) покажуваат дека на пазарот на големо просечната цена на кромидот во јуни изнесувала 47, 5 денари за килограм што во однос на ланскиот јуни е повисока за 90%.

    На истата платформа цените на кромидот во јуни на зелените пазари во земјава биле повисоки од ланските за 66,2% и тие се движат од 45 до 80 денари за килограм.

    Денеска, пак, на пазарите во Скопје можеше да се најде кромид и по цена од 60 денари, а во маркетите цената се движи и до 90 денари за килограм. Во одделни маркети има намалување на цената, па кромид може да се најде и за 59 денари килограм.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img