Цената на бакарот продолжи да паѓа четврта недела по ред како резултат на очекувањето дека побарувачката ќе се намали по објавувањето на податоците за кинеската економија кои покажуваат дека најголемиот пазар на бакар забавува.
Цените паднаа за цели 1,6% до 9.587 долари за тон на лондонската берза за метали, што беше четврти последователен неделен пад, објави Блумберг.
Бакарот достигна рекордно високо ниво над 11.000 долари минатиот месец, но брзо цената почна да паѓа поради стравувањата од порастот на глобалните залихи и знаците на слабост во кинеската економија.
Цените на металите генерално беа под притисок минатата недела и поради тоа што американската централна банка ги намали очекувањата за зголемување на каматните стапки.