More

    Целото семејство на манекенката добива закани по живот

    spot_img

    Познатата манекенка Џиџи Хадид проговори за војната на Блискиот Исток, а набргу потоа добила порака од официјалниот налог на државата Израел.

    Џиџи Хадид објави порака во која не го осудува нападот на Хамас врз Израел, но ниту го поддржа, што беше доволно да го привлече вниманието на светот.

    Џиџи, инаку е со палестинско потекло од страната на нејзиниот татко, а нејзината порака до Палестинците се уште се прераскажува бидејќи по објавата и се обрати и израелската влада.

    Меѓутоа, набрзо и целото семејство Хадид се соочило со закани поради поддршката за Палестина, им се заканувале со смрт на социјалните мрежи, мејловите и пораките, па поради тоа сите ги смениле броевите.

     

    Извор изјави за ТМЗ дека семејството Хадид добивало закани со кои детално е опишано што ќе им се направи за време на наводната егзекуција.

    „Нема ништо еврејско во постапувањето на израелската влада кон Палестинците. Осудувањето на израелската влада не е антисемитско, а поддршката за Палестинците не е поддршка на Хамас“, беше пораката на Џиџи Хадид.

    Израелската влада веднаш го сподели својот одговор на својата приказна на Инстаграм.

    Потоа директно го означиле нејзиниот профил и и поставиле јасно прашање.

    „Дали спиевте минатата недела? Или добро ви е што затворате очите пред убивањето на еврејските бебиња во нивните домови? Вашето молчење многу јасно покажа каде се наоѓате. Ве гледаме“, се вели во нивното обраќање.

    „Нема ништо храбро во масакрот на Хамас врз Израелците. Осудувањето на Хамас за она што е (ИД) не е против Палестина и поддршката на Израелците во нивната борба против варварските терористи е вистинската работа“, гласи пораката на Израел.

    По избивањето на хаосот во Израел, Џиџи неколкупати се огласи, меѓутоа, не го поддржа дејствувањето на Хамас, но не го ни осуди.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img