More

    Целосниот асортиман на Витаминка, изложен пред стручната јавност на Интерфуд & Дринк

    spot_img

    Од денеска до 11 ноември во Бугарија се одржува 22рото издание на најзначајниот саем за храна и пијалаци во Југоисточна Европа, Интерфуд & Дринк. Витаминка и оваа година е еден од најголемите изложувачи претставувајќи ја својата производна програма пред стручната јавност. Најголемиот производител на кондиторски производи во Македонија со претставувањето на овој саем не само што ја зацврстува својата позиција на бугарскиот пазар, туку создава простор за отворање потенцијални нови пазари и нови пласмани.

    Саемите се еден од најдобрите модели за меѓусебно поврзување на економиите, тие се платформата за постигнување одржливост на системите за храна. Интерфуд & Дринк е многу популарен меѓу стручната јавност, а тоа што секоја година се надградува, придонесува за растечкиот интерес секоја година кај бугарските и странски компании, деловни делегации, трговски мисии и колективни странски учества. И тоа со причина затоа што овој саем е препорачана средина за размена на искуство и иновативни пристапи во производните процеси. Производите на Витаминка на овој пазар и за локалните компании се познати, меѓутоа токму растечката димензија на саемот и привлекувањето се поголем број изложувачи е нашиот таргет“, истакна Александар Ѓуроски, шеф во Извоз.

    Меѓународниот саем за храна, пијалаци, амбалажи и производствени апарати Интерфуд & Дринк е познат по тоа што претставува погодна средина за споделување искуство и иновативни пристапи во производните процеси. Освен од домашните компании, посетен е од голем број странски компании, дистрибутери, продажни ланци, деловни делегации, трговски друштва и слично.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img