Поради сообраќајна незгода на превојот Стража, сообраќајот на патниот правец Кичево – Гостивар и Гостивар – Кичево е во целосен прекин, соопштија од АМСМ.
„На 2 километри од Стража кон Гостивар има сообраќајна незгода. Сообраќајот е во целосен прекин“, се вели во кусото соопштение.